Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака

39

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потпиша 17 решенија на производители на праспанско јаболко, кои успешно ја поминаа верификацијата и ќе можат непречено да го користат заштитениот географски назив „Преспанско јаболко“.

– Со заштитата на географскиот назив „Преспанско јаболко“, истиот се заштитува од имитација, злоупотреба и лажно декларирирање. Всушност се заштитува угледот и автентичоста на овој произод,. Потрошувачите кои ќе видат производ јаболко што ја носи оваа ознака, можат да бидат сигурни дека ќе конзумираат автенитечен производ од Преспанскиот регион со загарантиран квалитет – велат од Министерството за земјоделство.

Земјоделската задруга ЗЗ Преспанка – преспанско јаболче од Ресен, кон крајот на 2021 година го поднесе барањето за регистрација на географска ознака до МЗШВ.

– Ова е голем успех. Министерството останува отворено за поддршка на сите кои сакаат да го заштитат својот производ со некоја од ознаките за квалитет: заштитена географска ознака, ознака за потекло и загарантиран традицонален специјалитет – потенцираат од МЗШВ.