ПРЕСВРТ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ВОЈНАТА ВО ИЗРАЕЛ: Бајден вклучува агенти на ЦИА во преговорите

163
EPA-EFE/Minh Hoang

Американскиот претседател Џо Бајден планира да го испрати директорот на ЦИА Вилијам Барнс во Европа каде што треба да помогне да се постигне договор меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, јави Вашингтон пост, цитирајќи неименувани извори.

Според весникот, Барнс во наредните денови ќе отпатува во Европа на разговори со шефовите на израелското и египетското разузнавање Дејвид Барни и Абас Камел и катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим ел Тани.

Разговорите на Барнс во Европа се очекува да бидат засновани врз неговите телефонски разговори со колегите, како и на работата на високиот функционер на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, кој на почетокот на неделава имаше состаноци во катарскиот главен град Доха и Каиро.