Пренасочување на сообраќајот поради концертот на Чолиќ

248

Одделението за безбедност на патниот сообраќај утре од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улиците „Аминта 3-ти“ и „Наум Наумовски – Борче“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.