Премиер е повеќе од опција

115

Репрезентативецот на Белгија, Јаник Фереира Караско, уште еднаш повтори дека сака да стави крај на својата авантура во Кина и повторно да се врати на европско тло.

Во последното интервју кое го даде за познатиот британски таблоид „Сан“, крилниот напаѓач откри дека би немал ништо против доколку својата кариера ја продолжи во англиската Премиер лига.

Голем интерес за неговите услуги покажаа челниците на Милан и на Арсенал, но голем проблем претставува неговата годишна плата од 10 мил. евра.