Премиерот Оливер Спасовски апелира да се пласираат вистински информации околу состојбата, превенцијата или евентуалното справување со корона вирусот.
– Многу важно е да има вистински информации, да се пласираат, апелирам во однос на овие случаи на евентуална појава на корона вирус да се земаат информации од официјални институции, Министертвото за здравство и крзниот штаб. Тие имаат задача да ја информираат јавноста целодневно неколку пати. Одговорност треба да покажат сите. Тоа е нешто сите не засега и не загрижува, истакна Спасовски.
Според него иснтитуциите на системот функционираат во полн капацитет.
– Кризниот штаб што го раководи министерот за здравство ги има направено сите мерки за подготовка за евентуално откривање некаков случај. Посакуваме да не се случи. Превентивни мерки се преземени, рече претседателот на Владата. (МИА)