Премиерот на Република Српска и уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа

177
Фото:пекселс/полиција

Претседателот на Владата на Република Српска Радован Вишковиќ и две лица се повредени во сообраќајна несреќа на главниот пат во градот Тишча кај Шековиќ, а никој од повредените не е во животна опасност, соопшти полициската управа Зворник.

Повредените лица се испратени во надлежните здравствени установи, пишува РТРС, а пренесува Н1 Сараево.

Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, од кои едното возило на заштитено лице.