Премиерлигашки дуел за Киеза

628

Вечните ривали од англиската Премиер лига, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, моментално водат голема борба околу потписот на крилниот напаѓач од редовите на калчо гигантот Јувентус, Фредерико Киеза. Репрезентативецот на Италија сигурно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок, а од неговата продажба „старата дама“ очекува заработка не помала од 25 мил. евра.