Премиерлигашки дуел за Гаљардини

46
<> at Coverciano on November 8, 2016 in Florence, Italy.

Ривалите од англиската Премиер лига, Евертон и Вест Хем, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на играчот за врска од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Роберто Гаљардини.

Повремениот репрезентативец на Италија не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и не крие дека сака да ја промени клупската средина веќе во јануари. Според последните информации кои пристигнуваат од Англија, премиерлигашите се подготвени да одвојат околу 20 мил. фунти за услугите на Гаљардини.