Премиерката на Естонија порача: Западот не треба да се плаши од Русија

96
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Естонската премиерка Каја Калас во интервју за Скај њуз изјави дека западните лидери не треба да се плашат да ѝ се спротивстават на Русија и дека не треба да се плашат од сопствената моќ. Калас, чија земја граничи со северозападна Русија, рече дека сè треба да се земе предвид кога станува збор за поддршката на Западот за Украина.