По доминација од 42 години во низа, ракометарките на Хипо се простија од титулата во домашното првенство во Австрија. Оваа доминантна серија на Хипо беше прекината од тимот на Ацгерсдорф, кој се закити со шампионската титула.

Ракометарите на Ацгерсдорф завршија како второпласирани во регуларниот дел од сезоната и во тој дел два пати изгубија од Хипо кој имаше перфектен скор од 22 победи во исто толку натпревари.

Меѓутоа во плејоф – финалето Хипо потфрли и со вкупен скот од 43:41 по двата меча мораше да се задоволи само со второ место. Инаку, ова е најголемата доминација на еден клуб во било кој спорт.