Мараја Кери важи за „Кралица на Божиќ“, пред се поради нејзиниот светски хит „All I want for Christmas is You“, кој е еден од најслушаните за време на празниците. Сепак, сега на тронот седна друга песна. Оваа Божиќна песна од пред 60 години е нов хит!
Според табелата „HOT 100“ на Билборд, „Rockin’ Around The Christmas Tree“ на Бренда Ли сега е на првото место. Интересно е, инаку, што Бренда оваа песна ја снимила кога имала само 13 години, а пејачката денес има 74. Ова е воедно и најстарата песна која некогаш се најде на оваа листа.
Патем, иако божиќната песна на Мараја можеби е една од најпуштаните нумери за време на празниците, исто така беа потребни 25 години да го достигне врвот на споменатата листа. Сепак, Бренда е постарата изведувачка која се најде на оваа листа.
– Среќна сум за сите што работеа толку напорно за да се случи ова – изјави Бренда, која пред празниците објави спот за својата песна.
Нејзината песна наводно станала омилена по филмот „Сама во куќата“.
Мараја сѐ уште заработува од песната
Како што беше напишано претходно, Марија од својот хит заработила повеќе од 60 милиони долари, а интересно е што секоја година, во ова време, нејзината банкарска сметка се зголемува за речиси милион долари.
Песната ја објавила во 1994 година, а многумина и рекле дека не треба повеќе да работи, бидејќи само оваа песна и носи пари и сигурност.