Пред мене Реал (М) беше гробница за дефанзивците

55

Португалскиот дефанзивец Пепе се врати во редовите на матичниот клуб Порто, а само неколку часа подоцна даде ексклузивно интервју за клупскиот сајт.

Проблематичниот фудбалер изјави дека искуството во Порто му помогнало да биде максимално подготвен за предизвикот во Реал (М), чиј дрес го носеше цели 10 години. По авантурата на “Сантијаго Бернабеу”, Пепе потпиша за турскиот гигант Бешикташ, но неколку месеци подоцна си замина од Истанбул поради неколку неисплатени плати.

  • Реал (М) беше гробница за сите дефанзивци кои пристигнуваа во клубот. Никој од нив не успеа во Мадрид. Сепак, Порто ме подготви за тој предизвик и затоа останав во Мадрид 10 години. Имаше неколку одлични дефанзивци кои беа ангажирани, големи имиња, но не се задржаа толку долго колку што јас се задржав на “Бернабеу”, изјави Пепе.

Поранешниот репрезентативец на Португалија повторно се соработува со легендарниот капитен на “кралскиот клуб”, Икер Касиљас.

  • Многу сум среќен поради новата соработка. Мислам дека таквата можност имаше големо влијание врз мојата конечна одлука да се вратам во Порто. Веднаш го прашав дали знае португалски, исто како што Икер ме праша дали знам шпански кога пристигнав во Мадрид. Ми кажа дека може да ме разбере, но и дека му е срам да збори. Му кажав дека подобро знае португалски, отколку што јас знам шпански, додаде Пепе.