Пред концерт во нашето Скопје, Марија и Марио се на првото заедничко летување на море: „Учиме да пливаме“!

12896

Во хотелот, во кој се наоѓаат, беа величествено пречекани со голем графит: „Добре дојдовте, Марија и Марио“, а истото е напишано и на балоните со кои персоналот во луксузниот хотел на Црногорското приморје им посака на српската пејачка и на нејзиниот син незаборавно летување. Во собата има и мало убаво креветче за Марио. Меѓутоа, Марија Шерифовиќ со себе на одмор понесе и цел тим луѓе кои ќе се грижат околу Марио, а таа ќе ужива. За сите пари!

Евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ е на заслужен летен одмор, а заедно со неа е и нејзиното синче Марио, кого таа го доби во декември минатата година преку сурогат мајка.

Во хотелот, во кој се наоѓаат, беа величествено пречекани со голем графит: „Добре дојдовте, Марија и Марио“, а истото е напишано и на балоните со кои персоналот во луксузниот хотел на Црногорското приморје им посака на српската пејачка и на нејзиниот син незаборавно летување. Во собата има и мало убаво креветче за Марио. Меѓутоа, Марија Шерифовиќ со себе на одмор понесе и цел тим луѓе кои ќе се грижат околу Марио, а таа ќе ужива. За сите пари! Не ѝ е проблем на целиот тим во хотелот да им го плати летувањето, а таа максимално да се одмори.

– Ми треба вистински одмор, да ги наполнам батериите бидејќи наскоро ме чекаат многу концерти, настапи, промоции и еден грандиозен концерт во Скопје, во Македонија. За настапите во Македонија имам секогаш исклучителен набој на емоции. Веројатно е тоа што во „Ѕвездите на Гранд“ има многу новонадежни талентирани пејачи од таа држава, на кои сум им и менторка.  На скопскиот концерт вистински му се радувам, сериозно се подготвувам, раскажа расположената Мара. Како што објаснува пејачката, со нив на море е и дадилката на малиот Марио, но и нејзината заболекарка.

-Се собравме сите, цел комшилук хахахахааа, како некои чергари, а единствената личност што ми треба покрај Марио и неговата дадилка е и мојата заболекарка. За не дај боже ако ми испаднат протезите да не морам да се враќам назад за Белград. А, со Марио секојдневно по половина час, учиме да пливаме, вели шегобијната Мара.

Марија, воедно, се пофали дека едночасовното авионско патување од Белград до Тиват помина одлично, со оглед на тоа што ова е трето патување на Марио во авион.

-Кога се враќавме од САД со авион бев под голем стрес. Потоа веднаш отпатувавме во Дубаи, а сега ова ни е третпат. Сè помалку е стресно и за мене и за Марио. Тој веќе како право момченце е храбро и се навикна да патува со авион, раскажува среќната мајка.

Пејачката ги архивира сите денови од  летувањето, а на море е веќе десетти ден. За жал, Марија качила температура, имала и сончаница, нервози во стомакот, почнала да чувствува  тупи болки во грлото, ушите и носот, па морала да пие антибиотици.

Сè на сè, без разлика на овие ситни тешкотии, Мара одлично си поминува. Единствено беше малку нервозна поради загубата на српската репрезентација на Европското првенство во фудбал. Таа е љубителка на фудбалот и не пропушти да гледа на ТВ ниту еден натпревар.

Марија е вистински среќна што може на својот син да му овозможи летување. Таа во своето детство никогаш не можела да замине на море.

-Па,да речам дека немавме толку многу пари. Мене морето ми беше ускратено. Јас, на пример, не се сеќавам на семејни летувања или зимувања. Мајка ми Верица секогаш пееше по три месеци некаде, па затоа ме израсна баба ми Даринка.
Откако има син, Марија честопати ја прашуваат дали планира да добие и друго или и трето дете, Марио да има  братче или сестричка.

-Сега имам 40 години и сакам целото слободно време да го поминам со него. Никој не знае што носи ноќта, а што носи денот. Кога ќе имам 60 години, Марио ќе има 20. Нели тоа е малку задоцнето за овој живот? Сигурна сум дека и на 20 години тој ќе биде неспособен. Сите овие денешни ’новонастанати‘ деца се неспособни самите да се снаоѓаат во живот.

Секоја чест за оние кои знаат сами, а таквите родители треба да се горди на тие свои деца, а не да им наоѓаат мани.  Живееме во исклучително мачно време-невреме и тешко да може синот или ќерката да се снајдат, освен ако не е некој не дај  Боже, лажго, манипулатор, фолирант, криминалец. Ратко има чесни деца кои знаат чесно да зработуваат пари. Јас на таквите им честитам, можам и да им помогнам, а така ќе го воспитувам и мојот син. Нема да му бидам некоја здодевна мајка, туку ќе му давам максимална поддршка, задоволно раскажа Марија.   Д.М.  фото:архива