Рускиот претседател Владимир Путин, при денешната посета на Белград доби подарок од својот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ – тримесечен шарпланинец.
Кога го здогледал својот подарок, тримесечниот мажјак шарпланинец по име Паша, рускиот претседател не го задржувал своето одушевување, велејќи: „Баш е сладок!“
Паша, кој има свој пасош, вечерва отпатува за Русија со својот нов сопственик.
Легендата вели дека шарпланинецот е потомок на тибетанскиот мастиф, и дека од Исток го донела војската на Александар Велики. Кутрето Паша, како што пренесоа српските медиуми, има педигре кое води седум генерации наназад.
Кажется, Путин и его новый четвероногий друг Паша нашли общий язык pic.twitter.com/r8UN1N2XZQ
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 17, 2019