Високите температури кои неделава доведоа до рекордни вредности во Европа, се поместуваат кон Гренланд, што може да доведе ледената површина да се спушти блиску, или под рекордно ниското ниво кое е забележано во 2012 година, соопштија денеска Обединетите нации.

Клер Кулис, портпаролката на Светската организација за метеорологија, истакнала дека топлиот воздух кој доаѓа од Северна Африка, не само што постави температурни рекорди во четвртокот, туку и ги надмина европските температури за 2, 3 или 4 степени Целзиусови, опишувајќи го овој феномен како „апсолутно неверојатен“.

Топлотниот бран што ја зафати западна Европа се движи кон Гренланд, загрозувајќи топење на вториот најдебел слој на мраз во светот.

Ледениот слој на Гренланд е клучен дел од глобалниот климатски систем и неговото топење ќе резултира со пораст на нивото на морето и други климатски промени.