Вкупно 76 лица загинаа во Кенија во поплавите предизвикани од обилните сезонски дождови од март, соопшти денеска локалната власт и го повика населението „да се подготви за нови поројни дождови“.
Кенија и голем дел од Источна Африка веќе неколку недели се зафатени од обилни дождови, во кои редовно има жртви. Експертите сметаат дека обилните врнежи се последица на климатскиот феномен Ел Нињо.
Поројните поплави потопија патишта и цели населби, раселени повеќе од 130.000 луѓе, главно во главниот град Најроби, изјави неименуван портпарол на кениската влада.
„Со длабоко жалење објавуваме за трагичната загуба на уште шест животи во последните 12 часа, за вкупно 76 смртни случаи“, рече портпаролот, додавајќи дека 29 лица се повредени, а уште 19 се водат како исчезнати.
Поплави ги зафатија и Бурунди и Уганда, каде што неколку десетици илјади луѓе беа раселени.
Ел Нињо е природен феномен кој обично се поврзува со пораст на глобалните температури, што доведува до суши во некои региони и обилни дождови во други