Предновогодишно изненадување: На највисокиот врв на Хималаите паднаа околу пет сантиметри снег

243

 

„Комбинацијата на студени температури и влага носи снег, кога температурата е под нулата“, изјави вишиот метеоролог во Националната метеоролошка служба во Хонолулу Морин Балард, пренесе АП.

Хаваите се познати по топлото време, плажите и прашумите, но не е необично да паѓа снег на повисоките надморски висини на Мауна Кија во текот на влажните, зимски месеци.

Врвот е висок 4.207 метри, а температурите на него можат да паднат под нулата во телот на целата година, создавајќи потенцијални услови за снег во текот на секој месец.

Во текот на оваа недела, влагата што доаѓаше од исток и се движеше преку островот, со веќе ниските температури на Мауна Кеја, создаде услов за појава на снег.

Камерите поставени на заедничкиот телескоп на Канада, Франција и Хаваите ја покажаа земјата покриена со бела боја набрзо по изгрејсонцето во понеделникот, за два дена подоцна, камерите да покажат дека снегот го нема повеќе.

Никој не живее на врвот на Мауна Кеја, кој е свето место за многу домородци на Хаваите.