Превозникот „Дурмо Турс“ изрази сочувство до семејствата на настраданите, уверувајќи дека нивните автобуси редовно се сервисираат и ги имаат потребните лиценци

89

 

Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус вчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените. Од фирмата уверуваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Од  Дурмо Турс Гостивар соопштија:

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, соопштија од „Дурмо турс“.

Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.

Транспорт на компанијата и одобрила 4 лиценци. Две општински и две меѓународни, а поседува и лиценци за два возни реда .