Прво обраќање на Фицо по обидот за атентат: Не чувствува омраза кон атентаторот и планира да се врати на работа/ВИДЕО

208

Словачкиот премиер Роберт Фицо, изјави дека не чувствува никаква омраза кон лицето што го нападна и дека планира да се врати на работа кон крајот на јуни или почетокот на јули.

„Ако сè оди според планот, на крајот на јуни или на почетокот на јули можам постепено да се вратам на работа“, рече Фицо во првата видео порака до јавноста по обидот за атентат во средината на мај.

Фицо додаде дека не чувствува омраза кон човекот кој пукал во него, но дека нападот сериозно му наштетил на здравјето.

Фицо на 15 мај беше погоден со неколку куршуми од непосредна близина додека се поздравуваше со своите поддржувачи по седницата на Владата во градот Хандлова. После тоа два пати бил опериран.

Вооружениот напаѓач е обвинет за обид за убиство, за кое словачките власти велат дека е политички мотивирано.