Новиот возач на Ред Бул, Пјер Гасли, веќе даде предупредување до својот нов тимски колега, а тоа дека нема намера да биде втор пилот во екипата од Милтон Кинс.
По само една цела сезона во Торо Росо, Гасли беше промовиран во сениорскиот Ред Бул, откако Даниел Рикардо реши да мине во фабричката екипа на Рено. Французинот веќе најави дека ќе се боди со Верстапен претсtојнава сезона.
-Да го победам Хамилтон, кој е еден од најдобрите пилоти во моментов, ќе биде огромен предизвик за мене. Потребно ми е некое време да бидам конкурентен, но не сум во Формула 1 за да бидам втор возач, тоа не го сакам и не сум среќен и задоволен од таквиот развој на настаните. Верстапен е еден од најбрзите во поредокот, што е возбудлiво за мене и тоа ќе ме искачи едно ниво повисоко. Ќе се подобрувам како ќе одминува сезоната и ако имам победнички болид ќе се борам за врвот. Но, доколку не биде се според планираното, односно болидот не биде меѓу најбрзите, тогаш целта ми е пласман меѓу најдобрите петмина, изјави Гасли за „Мотоспорт“.
Минатата година во тандем со Брендон Хартли, тој беше очигледно подобриот и побрзиот возач што му донесе и промоција во далеку подобриот болид на Ред Бул.