Првото бебе во Тетово е женско

52

Во новата 2023 година во 09:15 часот се роди првото бебе во гинеколошкиот оддел при Клиничката болница во Тетово. Женското бебе е прво дете во семејството  Исмаили, а е родено со тежина од 3,5 килограми.-Првото родено бебе е женско, породено со операција царски рез. Тоа е прво дете во семејството Исмаили. Родено е со 3,5 килограми. И мајката и бебето се чувствуваат добро, им посакувам живот полн со здравје, среќа и успеси, изјави д-р Мерал Реџепи.

Во посета на првороденото бебе и мајката беше градоначалникот Биљал Касами кој им врачи ваучер од 40 илјади денари.  

Во тетовската болница заедно со сопругата го посетивме првороденото бебе во Новата година кое е девојче (Ајза). Ни беше чест и задоволство да честитаме за новороденото бебе, кое е женско. Се надеваме ќе имаме плодна и бериќетна година за сите во Тетово, да се надеваме дека 2023 ќе биде попросперитетна година во интерес на сите тетовчани. Уште една добра вест е донацијата на инкубатори од семејството Фазлиа во соработка со „Мармофикс“ и општина Тетово за Клиничката болница, изјави Биљал Касами.

Градоначалникот ги посети и пожарникарите и полицајците кои беа дежурни во текот на новогодишната ноќ.