Првите цреши деновиве се појавија во хрватските маркети и шокираа многу купувачи поради лудо високите цени.
Црешите и годинава се сочни, но цените се сочени. Чинат од 10 до дури 12 евра за килограм. Иако изгледа примамливо, клиентите претпочитаат тие пари да ги потрошат на нешто друго, бидејќи за паричниците на многумина првите цреши се луксуз, пишува Дневник.хр.
-Лани плативме шест до осум евра за првите цреши, а да не зборуваме пред неколку години кога бевме изненадени од цената на првите цреши од 40 куни. И тогаш и сега, килограм цреши е поскап, на пример, од килограм свинско месо, забележа репортерката на Дневник Нова ТВ, Сања Јуришиќ.
Иако црешите, исто како и јагодите, поради пријатната клима рано стигнаа на пазарите, нивната берба сè уште официјално не е започната. Ако сакате да уживате во ова овошје и да не потрошите многу пари, сугерира медиумот, можеби е подобро да го прескокнете првиот бран, бидејќи цената наскоро би требало да падне.