Првите родендени на синовите на Таско и Павле –  Лукијан и Јосиф наполнија една година, нивната најголема искрена радост

629

„Неки нови клинци“…како што пее во својот евергрин легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, така е и во животот, а не само во песната. Македонскиот рапер Христијан Тасковски, попознат како Таско, и неговата сопруга Наташа, го славеа првиот роденден на нивниот син Лукијан. Со причина премногу среќните родители воедно споделија неколку фотографии од роденденската забава на која им дојдоа многу дечиња, другарчиња на Лукијан.

Забавата била инспирирана од стилот на раперот Ноторијус Би-ај-џи, познат и како Биги. Таско и Лукијан биле облечени скоро исто: во бела кошула со црни бермуди, црно-црвени патики и иста црвена марама врзана околу вратот.  Наташа, во фустан со животински принт, гордо покажувајќи го својот бремен стомак. Брачната двојка го очекува второто дете. Во септември ќе станат родители на една убава мила ќеркичка.

И пејачот на нежните поп-балади Павле Камилоски, заедно со планинарката Ирина Дишовска, неговата сопруга, му направија голема роденденска забава на синот Јосиф, кој наполни една година.

Тие се одлучија за роденденска журка инспирирана од долгометражниот анимиран филм „Кралот лав“. Целиот простор во ресторанот бил интересно декориран со мотиви на џунглата, плишани лавови, украси со ликот на Симба, но и со многу балони. Среќната мајка меѓу другото напиша: – „Ситните саати додека те гледам како спиеш, ти кротко јагне мое. Нашиот Јосиф, мојата снага и најголема слабост…“

Навистина, нека им се живи, здрави и весели синовите. И на свадби вака да им се веселиме и играме!    Д.М.