Едно лице загина, а едно се води за исчезнато по невремето што ги погоди делови од Грција предизвикано од циклонот „Даниел“. Според првичните информации, 70-годишен сточар загинал во областа Агиос Георгиос во Ано Волос кога врз него паднал ѕид од неговата куќа кој се урнал поради големо количество вода.
Βόλος κέντρο τώρα , σε αυτό το σημείο πολύ δύσκολα. pic.twitter.com/tfLQThjBCC
— Voula_L (@paraskevi_l) September 5, 2023
Според информаците на грчките медиуми, сточарот се обидувал да стигне до животнте кои ги чувал.
Уште едно лице е исчезнато во реонот на Волос кога неговиот автомобил бил однесен од поројот, пренесува Прототема.
Најтешка е состојбата во Волос каде се поплавени улици, куќи и возила, а паднати се и бројни дрвја.
Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе се задржи и во следните неколку часа.
Малку по 9,30 часот беше испратена порака до граѓаните на Пиерија, Тесалија, Споради, Евија и Фтиотида да ги ограничат своите движења бидејќи невремето беше во полн ек.
Градоначалникот на Волос го повтори апелот луѓето да останат дома, а на Фејсбук објави слики од хаосот по невремето.