Првата дама на Бразил јавно го опцу Илон Маск

24

Првата дама на Бразил, Розанџела Жања Лула да Силва, јавно го опцу милијардерот Илон Маск на настан во врска со Самитот на Г20, на кој зборуваше за потребата од регулирање на социјалните мрежи за да се зауздаат дезинформациите.

Таа рече и дека не се плаши од него.

Маск, сопственик на социјалната мрежа „Икс“, реагираше на видеото од нејзините изјави, објавувајќи графика со емотикони со гласна смеа. Во друга објава, тој додаде: „Тие ќе ги загубат следните избори“, алудирајќи на претседателот Луис Инасио Лула да Силва.

Сопругата на претседателот зборуваше на настан пред самитот во Рио де Жанеиро на групата најголеми држави Г20 закажан за денеска и утре.

Мрежата за социјални пораки на Маск беше суспендирана во Бразил на еден месец оваа година, бидејќи не именуваше правен застапник во земјата и игнорираше судски наредби за блокирање на профили обвинети за ширење „лажни вести“ и пораки на омраза.