Првата група Британци пристигна во Охрид, со чартерите од Лондон и Манчестер се очекуваат до 7 илјади гости!  

Оваа насочена промоција овозможува уште поголем интерес за посета на Македонија, бидејќи за 2023 година успеавме нови чартер линии од Велика Британија да оперираат за Охрид. Дефинитивно зголемување на англиските туристи кои веќе се видливи во Охрид подигајќи ја атмосферата во најголемиот македонски туристички сектор. Ова преставува уште еден мотив повеќе за остварување на целта за 2023 година од 3,3 милиони ноќевања во македонскиот туристички сектор, изјави за ВЕЧЕР директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски

129

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше организатор на информативно патување за новинари и репортери од горенаведеното дневно шоу во период од 17 до 20 април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.

– Целта на ова патување е промоција на Република Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика Британија, а како предност се земаат новите чартери од Лондон и Манчестер до Охрид и редовната линија со „ВизАир“ од Скопје. ТУИ актив веќе имаат активна кампања за нашата дестинација и промоција на активните форми на туризам и посета на локалните, рурални предели и мали семејни винарници. Британската јавна телевизиска мрежа “ITV” има широк опфат на публика, на нивните социјални мрежи имаат значителен број на следбеници, милион следбеници на Инстаграм, 2,5 милион следбеници на Фејсбук, 2,5 милиони сабскрајбери на Јутјуб – потенцираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, кој за весникот ВЕЧЕР вели дека и покрај скромниот буџет на АППТ за 2023 година во соработка со Градот Скопје и ИМЕ програмата при Швајцарската амбасада се овозможи преставување на македонските туристички потенцијали на една од најгледаните утрински програми во Лондон.

-Директно вклучување во Охрид и претставување на дестинацијата, како и главниот град Скопје, како две нови дестинации потребни да се посетат од страна на англиските туристи. Насочена промоција која овозможува уште поголем интерес за посета на Македонија, бидејќи за 2023 година успеавме нови чартер линии од Велика Британија да оперираат за Охрид. Дефинитивно зголемување на англиските туристи кои веќе се видливи во Охрид подигајќи ја атмосферата во најголемиот македонски туристички сектор. Ова преставува уште еден мотив повеќе за остварување на целта за 2023 година од 3,3 милиони ноќевања во македонскиот туристички сектор, изјави Јаневски.

Туроператорот ТУИ Велика Британија ќе има по два чартер лета неделно од Манчестер и од Лондон. Преку овој туроператор се очекува во текот на летото да пристигнат од 5 до 7 илјади британски туристи во пакет-аранжмани од 5 до 7 дена, овозможувајќи им целосни авантури во неоткриената дестинација. Освен тоа поради добрата конекција помеѓу Лондон и Охрид, оваа лето се очекува поголем број британски туристи во нашата држава.

Тој додава дека според светските платформи за букирање има одличен интерес за патување во Македонија од земјите од Западна Европа во првите три месеци. Сето ова претставува дополнителен мотив да работиме на промовирање на нашата држава и  остварување на целта за 2023 година од 3,3 милиони ноќевања во македонскиот туристички сектор.