Прашка стана еднонасочна

225

Од денеска почна да функционира новиот сообраќаен режим на улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1. По оваа улица, каде што има и повеќе воспитно-образовни установи, ќе се вози во една насока, со што ќе се ублажи метежот во овој дел од Карпош.

Проектот за целиот сообраќаен режим го донираше меѓународното училиште „Нова“. Менаџерот на „Нова“, Иван Новаковски потенцираше дека за еднонасочниот сообраќај разговарале со голем број родители и дека оваа иницијата се реализира на негово задоволство.

– Тафталиџе 1 беше најпогодено од непланската урбанизација, а со овие мерки ќе се санира дел од направената штета, изјави Новаковски.

– Со новата хоризонтална и вертикална сигнализација ќе се придонесе кон подобрување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од Карпош, а поставени се и четири платформи за забавување на сообраќајот, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.