Правилата не се исти секаде: Во една во светот, возачкиот испит трае само неколку минтуи

30
Полагањето на возачкиот испит по правило е стресен настан.
Со полагањето на писмениот дел од испитот, кој е се потежок, лицата кои полагаат во самиот тест се соочуваат со строги критериуми, па не е невообичаено некој да добие дозвола дури по неколку полагања.
Но, правилата не се исти во сите земји во светот.

Британски „Експрес“ пишува дека возачкиот испит е најлесен во Индија, а таму за добивање возачка дозвола возачите мораат да возат право, да свртат и евентуално да одат рикверц. Тоа е приближно тоа.

Се повеќе од 10 милиони возачки дозволи се изаваат во Индија секоја година, земја во која дефинитивно нема недостиг на учесници во сообраќајот, независно дали на две или на четири тркала.

Меѓутоа, обично за возачка дозвола се полага на градските улици, патишатата во поголемиот дел од градовите во Индија се преполни со возила, што значи дека голем дел од испитите се одржуваат на приватни улици и во бројни случаи на паркинзите.

Освен краткиот тест за возење, кој трае само неколку минути, полагачите исто така мораат да одговорат на 20 прашања, но доволно да дадат само девет точни одговори пред да добијат дозволи.

Покрај тоа што полагањето за возачка дозвола се смета дека е најлесно во Индија, Јутарњи лист пренесува дека Хондурас дури неодамна вовел полагање за новите возачи. Во оваа земја никогаш не моравте да полагате за да добиете дозвола, меѓутоа, Хондурас неодамна воведе едноставен писмет тест, но не и тест за возење.

Хондурас има изразено висок број на сообраќајни несреќи со 16,7 случаи на патишата на 100.000 жители.