Правилата на Клоп и астрономските казни

9
epa10223888 Head coach Juergen Klopp of Liverpool FC after the UEFA Champions League group A soccer match between Liverpool FC and Rangers FC in Liverpool, Britain, 04 October 2022. EPA-EFE/Peter Powell

Нури Сахин ја презеде улогата на тренер на Борусија Дортмунд ова лето откако Един Терзиќ го напушти клубот, и реши да не го менува правилникот со казни кој го состави Јурген Клоп уште во 2009 година.

Сахин најубавите денови од својата играчка кариера ги помина во Дортмунд, но пред неколку години ги изненади сите кога реши да се повлече и да се посвети на тренерската работа.

Прво беше тренер на Анталијаспор во Турција, а потоа многумина беа изненадени кога на почетокот на оваа година ненадејно пристигна во стручниот штаб на Един Терзиќ, а на многумина веќе им беше јасно што следува.

Иако Терзиќ успеа да го одведе Борусија до финалето на ЛШ, сепак на крајот челниците на клубот не сакаа да ја продолжат соработката со него, а на негово место пристигна Сахин.

Младиот стручњак беше во центарот на вниманието бидејќи беше потврдено дека ги прифатил правилата наметнати од Јурген Клоп уште во 2009 година, а сите негови претходници продолжија да ги користат.

За играчите на Борусија има правила кои мора да ги почитуваат, а следуваат и драконски казни доколку ги прекршат.

Клоп беше тој што одлучуваше кои правила треба да се почитуваат, но кога се во прашање „паричните пенали“ тие сега се драстично повисоки од пред 15 години.

Имено, доколку играчите на Борусија доцнат на договорениот тренинг, состанок или кој било настан на кој треба да присуствуваат, плаќаат 100 евра за секоја минута доцнење или дури 5.000 евра доколку целосно го пропуштат.

Кога станува збор за денот на натпреварот, за секоја закаснета минута ги чини неверојатни 3.000 евра.

Исто така, клубот се грижи и за навивачите кои доаѓаат пред стадионот, а обврска кон нив имаат и играчите. Вообичаено навивачите бараат автограми од фудбалерите, а доколку некој од играчите одбие да го стори тоа, за тоа плаќаат и по 2.000 евра казна.

На списокот е и тренингот во теретана, кој исто така е задолжителен, а во случај да не присуствуваат, плаќаат казна од 250 евра.