По 6. пат: Меѓународна балканска изложба “Мост” во КИЦ

86

Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Изложбените салони Империјал 1 и 2, на 14 февруари во 20 часот ќе се отвори 6. Меѓународна балканска изложба МОСТ. Изложбата, традиционално се организира, во соработка со академик Фехим Хускивиќ, сликар, графичар и проф. на Академијата за ликовниуметности во Скопје и ЈУ КИЦ – Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени дела од ликовни уметници од Македонија, Србија, Црна Гора и Турција.
Љубителите на ликовната уметност ќе можат да ги видат делата до 28 февруари.