По 4 години одложување, КОНЕЧНО – ракетата „Аriane 6“ лансирана во вселената/ВИДЕО

270

Европската ракета „Аriane 6“ денеска беше лансирана во својата прва вселенска мисија од вселенскиот центар во Француска Гвајана, по неколку години одложување.

Европската вселенска агенција може да прогласи успешно лансирање само по еден час лет, а дотогаш инженерите би можеле да ја прекинат мисијата доколку ракетата отстапи од планираната траекторија.

После тоа, ракетата ќе ја продолжи пробната мисија за распоредување на серија истражувачки вселенски летала, пренесува Политико.

Успешното лансирање на „Ariane 6” по четири години одложување ќе и овозможи на Европа да ги испрати своите сателити во вселената без да плаќа на компании како што е SpaceX на бизнисменот Илон Маск.

Доколку лансирањето биде потврдено како успешно, првата комерцијална мисија со францускиот шпионски сателит се очекува да започне во декември.