ПО 18 СТЕПЕНИ ВО ПЛУС пристигнува студен бран и снег

4613

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.