По утринските дождови, попладнево доаѓа сонце

45

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, на места со појава на грмежи. Попладне ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ветерот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, информираат од УХМР.

Времето во Скопје променливо облачно со повремен краткотраен дожд, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен ветер, кој кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе се промени во северен и ќе засилува. Температурата ќе биде до 15°C.

-Утре ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Потоа следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури, соопштуваат од УХМР.