По третпат падна на допинг, па остана без олимпискиот медал

39

Сребрениот олимписки борач во категоријата до 120 килограми од Лондон 2012 година, Грузиевот Давид Модзаманашвили, повторно е позитивен на забранетата супстанца „туринабол“. Ова го потврдија и повторените анализи од примерокот од Олимпијадата во 2012 година, објавија од Меѓународниот олимписки комитет.

Грузиецот Модзаманашвили, кој од 2017 година настапува за Узбекистан, веќе беше суспендиран од 2008 до 2010 година поради допинг, па мораше да го врати шампионскиот медал освоен во 2008 година. Исто така овој борач беше суспендиран и во 2016 година поради користење на „мелдониум“, но суспензијата му беше поништена.

Тој на почетокот на ноември минатата година објави дека е во тек повторената анализа од примерокот од Олимпијадата во 2012 година, а воедно потенцираше дека за тоа „ќе бидат користени најновите методи“. Но повторената анализа од примерокот ќе биде испитувана и во 2019, како и во 2020 година.

Благодарејќи на повторената анализа од примероците, до сега се откриени околу 50-ина спортисти кои користеле недозволени супстанци, поради што им беше одземен олимпискиот медал.

Кон крајот на декември, Меѓународната борачка федерација ја објави повторената анализа од примероците од Игрите во 2012 година и притоа откри пет случаи на допингувани натпреварувачи, меѓу кои и Украинецот Алексеј Торокти (тестерон), кој беше олимпискиот победник во категоријата до 105 кг., како и Азербејџанецот Валнтин Христов (тестерон), освојувач на бронзен медал.