По смртоносниот циклон, им се закануваат нови проблеми: На францускиот остров Мајот воведен полициски час

42
EPA-EFE/ETAT-MAJOR DES ARMEE HANDOUT -- BEST QUALITY AVAILABLE -- MANDATORY CREDIT: ETAT-MAJOR DES ARMEE -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

На францускиот остров Мајот, опустошен од разорниот циклон Чидо, беше воведен полициски час за да се спречат грабежи кои веќе се случија во некои области, јавија денеска француските медиуми.

Министерот за внатрешни работи, Бруно Ретахо, нареди полицискиот час да трае од 22 до 4 часот по локално време, објави весникот Фигаро.

Портпаролот на националната жандармерија изјави дека веќе се регистрирани неколку кражби, но дека немало насилни дејствија на разбојништво.