По серијата напади на аеродромите среде празничната сезона: Луфтханза стравува од активности на климатските активисти во авионите при лет

92

Авиокомпанијата „Луфтханза“ очекува акции од климатски активисти и во авиони, се вели во интерен документ што денеска го пренесоа германските медиуми.

Активистите, како обични патници, би можеле да влезат во авионот и да го нарушат летот, па дури и да го спречат“, се вели во интерното предупредување испратено до вработените од раководството на „Луфтханза“.

Исто така, можно е да се вандализираат авиони со боја, како што веќе беше случај со уметнички дела и споменици.

На прашањето на медиумите, „Луфтханза“ одби да даде детали, наведувајќи ги чувствителните безбедносни прашања.

Во последните денови, среде празничната сезона, климатски активисти ги нападнаа аеродромите и го блокираа сообраќајот на пистите.

Во петокот, полицијата во Хамбург фати неколку активисти кои се обиделе да го сторат тоа.

Адвокатите за германските медиуми изјавија дека намерното прекинување на летот во авион може да има сериозни правни последици за активистите, вклучително и години затвор.

Членовите на движењето „Последна генерација“ најавија дека ќе продолжат со протестите се додека германската влада не преземе „доволни чекори“ кои ќе ја наведат Германија да престане да користи фосилни горива до 2030 година.