По првата селекција: Дваесет наслови во трка за „Роман на годината“

410

„Молчи со отворена уста“ на Снежана Младеновска-Анѓелков (Или -Или),  „Александар и Клеофила“ на Паскал Гилевски (Панили) и „Под друга капа“ на Владо Јаневски (Магор) се дел од дваесетте наслови од 38 пријавени, кои ја поминаа првата селекција за наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Меѓу насловите се и „Црна шума“ на Симеон Јанков, „Како станав Амадеус“ на Трајче Кацаров, „Правта на библиотеките“ на Митко Маџунков, „Мрежата на Мамли“ на Блаже Миневски, „Пагански времиња“ на Драги Михајловски, „Песот со тажен поглед“ на Оливера Николова и „Сивиот плоштад“ на Сашо Огненовски. По првата селекција во трка за наградата се и „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ на Божин Павловски, „Краста на душата“ на Владимир Плавевски, „Вилино“ на Винка Саздова, „Последните денови на Ханс“ на Михајло Свидерски, „Цариградски емигрант“ на Луан Старова, како и „Години од слама“ на Братислав Ташковски, „Аб’т“ на Оливера Ќорвезироска, „Вергина“ на Јана Узунова, „Ура, Арал!“ на Тања Урошевиќ и „Приказни за госпоѓица Сит“ на Билјана С.Црвенковска.

Наградата се состои од статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.