Пламенка Трајковска – гудачко трио ќе настапат по повод 120 години Илинденско востание и 79 години од АСНОМ на 2- ри август во Националната Установа Центар за култура АСНОМ во Гостивар во 20.00 часот.
Пламенка Трајковска – гудачкото трио ќе изведат пригодна музичка програма во кросовер стил на која ќе бидат застапени композиции од класичниот репертоар и композиции инспирирани од богатата ризница на македонскиот фолклор. На концертот премиерно ќе биде изведена композицијата Ај да бегаме мори Васе во кросовер стил за гудачко трио од Пламенка Трајковска. Концертот е ексклузивна музичка атракција и вклучува музичка технологија и мултимедијални елементи.
Во гудачкото трио ќе настапат Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина и Александра Јаневска на виолончело.
Гудачкото трио е дел од музичката организација Пламенка Трајковска – мали камерни состави кое претставува музичко јадро кое има за цел да ја промовира камерната и класичната музика кај нас.
Пламенка Трајковска – мали камерни состави, имаат реализирано концерти во Македонија и странство на најзначајните културни манифестации Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето, Кривопаланечко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.