ПО ПОВОД БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ…..Како небо и земја, за вечниот Бог!

154

Убавиот и многу интересен проект проследен со многу емоции, а по повод божиќните празници кој уште минатата година тргна како “Вечниот Бог” оваа година продолжи со истите тие емоции кон Бога и големиот празник во песната “Небо и земја”, која има и своја видео приказна.

На едно место заради таа причина, заради љубовта кон Бога се собраа популарните македонски пејачи: Елена Ристеска, Викторија Лоба, Димитар Андоновски (пејачот во “Тајфата”), Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“ и “Златните славејчиња”… Всушност, спотот е дел од бадниковата манифестација „Бадникови поворки“ , а се снимаше на неколку локации низ Скопје.

Својата премиера на екраните песната веќе ја имаше вчера, а на 6 јануари со почеток во 11.00 часот пред црквата “Св. Димитрија” пејачите ќе ја изведат во живо. Тоа ќе биде голем бесплатен концерт за граѓаните не само за верниците, но ќе биде и претстава за сите нас. Од срце, празник за очи и душа. Еве, што по тој повод велат некои од пејачите, кои ќе пеат и во живо:
Елена Ристевска: Има некоја магија во целиот овој проект. Затоа дојдете на 6 јануари пред црквата “Св. Димитрија”, сите до еден во живо да ја чувствуваме таа магија.
Викторија Лоба: Ова е втора година како учествувам во овој проект, кој носи среќа и радост. Затоа дојдете сите пред црквата “Св. Димитрија” во 11.00 часот на 6 јануари.

Влатко Лозановски: Сакам од најмало до најстаро да ја вежбаат и научат песната “Небо и земја”. Секако дека со нас останува Тој, вечниот Бог, како главна песна на настанот!
Димитар Андоновски: Бадниковите поворки се повеќе се посетени од народот, а особено од младите… затоа пред црквата “Св. Димитрије” да бидеме сите таму и да ја пееме заедно убавата “Небо и земја”.
Вера Милошевска-Јосифовска(Љубојна): Јас сум за првпат дел од овие Бадникови поворки и навистина се радувам. Особено што оваа идеја произлезе од манастирот “Свети Јован Бигорски”. Сакам празници што носат радост. Затоа дојдете сите со нас, сите мајки, татковци, баби, дедовци, пријатели, да уживаме во празникот!!!

Д.М.