По Пи Диди, „падна“ и Канје Вест: Раперот обвинет дека сексуално нападнал и давел манекенка

49

Раперот Канје Вест е обвинет за сексуален напад и давење на манекенка. Како што е наведено во тужбата против контроверзниот рапер, тој ја давел манекенката откако снимиле видеоспот.

Како што пренесува „Скај Њуз“ , музичарот ѝ ги пикнал прстите во устата на жртвата во хотелот „Челзи“ во Њујорк во 2010 година.

Манекенката која го започна случајот всушност била актерка во неговиот видеоспот. Како што пренесуваат странските медиуми, таа бара отштета и казна за 47-годишниот рапер.

Во тужбата се додава дека по снимањето на спотот, раперот ѝ наредил на манекенката да седне на стол. Потоа продолжил да симулира орален секс со рацете и наводно викал: „Ова е е**на уметност, а јас сум Пикасо“.

Полициската управа на Њујорк објави дека „крајно сериозно ги сфаќа случаите на сексуален напад и силување и апелира до сите жртви да го пријават насилството“.

„И сето тоа е за да можеме да спроведеме сеопфатна истрага и да им понудиме поддршка на жртвите“, се наведува во соопштението.

Џеси Вајнштајн, адвокат кој ја застапува манекенката, рече дека жената „покажала голема храброст да зборува против некои од најмоќните луѓе во забавната индустрија“.

Раперот сè уште не се огласил по овие обвинувања.