По петдневна потрага: Томе Божиновски од Тафталиџе е пронајден мртов

261

Откако на социјалните мрежи беше објавено дека осумдесет и пет годишниот Томе Божиновски од Тафталиџе, кој боледувал од деменција исчезнал и последен пат бил виден кај Соборниот храм, вчера, неговото семејство соопшти дека било пронајдено неговото безживотно тело.

„Драги соседи,пријатели,познаници огромна благодарност што изминатите 5дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело“, се вели во објавата од семејството.

Сочувство до семејството.