Осумдесет и четиригодишна скопјанка се здобила со тешки повреди откако паднала во автобус на ЈСП.
– На 3. 3. 2024 во 08:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на булeвар „Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј. (84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – информираа од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.