По номинацијата за Оскар, урива рекорди: “Зелената книга” заработи 127 милиони долари

85

“Зелената книга” и “Боемска рапсодија” од деветте номинирани филмови за Оскар, имаат најголема заработувачка по објавувањето на номинациите за Оскар кое се случи на 22 јануари.

Според ИМДБ (Internet Movie Datebase), филмот “Зелената книга” на режисерот Питер Фарели, снимен според вистинска приказна за афро-американски пијанист, сместена во 60-тите години на минатиот век, заработи најмногу пари во изминативе 30-тина дена, дури 127,1 милион долари.

На второ место е “Боемска рапсодија”, со 55,8 милиони заработка. Сепак, овој биографски филм за пејачот на групата “Квин”, Фреди Меркјури, има многу поголема вкупна заработка од 854 милиони долари.