По неколкудневните контроверзи поврзани со него: Британскиот премиер вратил подароци вредни 6.000 фунти

82

Британскиот премиер Кир Стармер, критикуван за прифаќање подароци од дарежливи донатори, вратил неколку од тие подароци во вредност од 6.000 фунти (7.200 евра), вклучително и билети за концерт на Тејлор Свифт, соопшти неговиот кабинет.

Оваа одлука беше објавена по неколкунеделни контроверзии околу лидерот на лабуристите и неколку негови министри. Во прашање беа медиумските информации според кои Стармер добил подароци во вредност од 105.147 фунти (127.278 евра) од декември 2019 година.

Тие подароци, кои се легални и запишани во пратеничкиот регистар, Стармер ги добил додека беше лидер на опозицијата, но и откако дојде на премиерската функција, по победата на лабуристите на парламентарните избори во јули.

Во соопштението, Даунинг стрит рече дека Стармер се обврзала да ги разгледа правилата за примање подароци и покани.

Покрај неколку билети за концертот на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт, вратената сума покрива и четири билети за коњски трки како и договор за изнајмување скапа облека на неговата сопруга Викторија Стармер.

Стармер беше обвинет за „лицемерие“ од конзервативната пратеничка Ками Баденох, кандидат за преземање на раководството на ториевците.

Кога беше во опозиција, Стармер често ги прекоруваше своите претходници дека се отсечени од населението.

Неговиот главен донатор, Вахид Али, мултимилионер и член на Домот на лордовите, е под парламентарна истрага. Горниот дом на британскиот парламент се обидува да расветли потенцијални прекршувања на парламентарните прописи поврзани со тие подароци и покани.