По мистериозните посети на невролог, се огласија од Белата куќа: Бајден не се лекува од паркинсова болест

325

Американскиот претседател Џо Бајден не се лекува од Паркинсонова болест, објави Белата куќа, откако се појавија информации дека лекар специјализиран за оваа болест осум пати ја посетил Белата куќа во текот на изминатата година, пренесе Хина.

Загриженоста дека претседателот можеби боледува од неименувана болест се појави по појавувањето на Бајден на дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на 27 јуни.

Њујорк Тајмс објави дека дневникот на посетители на Белата куќа покажува дека д-р Кевин Канард, невролог специјализиран за нарушувања на движењето, кој неодамна објави научен труд за Паркинсоновата болест, ја посетил Белата куќа осум пати помеѓу минатото лето и оваа пролет.

За време на брифингот, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер одби да ја потврди посетата на Канард, велејќи дека сака да ја почитува приватноста на сите вклучени од безбедносни причини.

Таа рече дека Бајден трипати се сретнал со невролог за време на неговите годишни прегледи. Таа додаде дека Бајден не се лекува од Паркинсонова болест.