Генералниот секретар на австриската Слободарска партија, Херберт Кикл, оцени дека германскиот треба да биде водечки јазик за уипотреба во ЕУ.
Кикл смета дека по Брегзит, ЕУ треба да разгледа нов редослед на јазиците.
„Во моментов англискиот е најважниот јазик (во ЕУ). Францускиот и германскиот јазик се формално усогласени, но во реалноста не се користат толку многу, ниту во усни преговори, ниту во пишани документи“, рече Кикл.
Тој посочи дека по Брегзит, само на 1% од граѓаните на ЕУ англискиот им е мајчин јазик – во Ирска и во Малта.
„Затоа е логично да се стави германски јазик барем на исто ниво на употреба во преговорите и документите за ЕУ како англискиот.
По преодниот период за Брегзит, германскиот, врз основа на застапеноста треба да заземе водечка улога како работен меѓу јазиците на ЕУ “, вели Кикл.