Пионерите на Вардар го освоија Купот на Македонија, откако во финалето што се одигра на стадионот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ја совладаа Шкендија со 2:0.

Стрелци на головите за скопскиот тим беа Стојановски и Милошевски во 31-та и 60-тата минута од натпреварот.

Екипата на Работнички, пак, го освои трофејот во Купот за кадети, откако во финалето го совлада бранителот на тронот, екипата на Шкендија со убедливи 4:0.

Тимот од „Градски парк“ одигра максимално доминантно во текот на целиот меч и на крајот сосема заслужено дојде до посакуваната победа.Стрелци на погодоците беа Тошевски, Мелов, Масевски и Тодоровски.

ФОТО: Петар Стојановски