Една од најубавите актерки, Кубанката Ана Де Армас (36), позната и по улогата на Мерлин Монро во „Blonde“, неодамна беше видена на романтична прошетка. Таа беше придружувана од Мануел Анидо Куеста, чиј очув е кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез.
Папараците ги уловија за време на прошетка со кучето на Ана, при што се држеа за раце. Во еден момент разменија нежни бакнежи, поради што се шпекулира дека се работи за нова врска.
Врската трае од мај?
Деталите за оваа наводна романса се уште не се официјално познати, но кубанскиот инфлуенсер Александар Отаола претходно за Latin Times изјави дека почнале да се гледаат во мај оваа година и дека вешто ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста.
Љубовниот живот на оваа актерка често беше интересен за медиумите. Ана пред Мануел беше во врска со извршниот директор на Тиндер Пол Букадакис, со кој последен пат беше фотографирана во април минатата година.
Academy Award nominee and movie star Ana de Armas has been spotted with the stepson of Cuba’s president on a romantic stroll. Mi gente latino! pic.twitter.com/yA6OoWA8gO
— Ana de Armas Updates (@ArmasUpdates) November 21, 2024