Децении по „разводот“ поштата и телекомот ќе продолжат со поделбата на се уште неподелениот заеднички имот.
Бирото за судски вештачења доби обврска од Владата да направи процена на неподелениот заеднички имот од поранешната ПТТ во која делуваа државната Пошта на Северна Македонија и сега приватната компанија Македонски телеком која е сопственост на странски инвеститор.
Вредноста на објектите треба да се одреди со состојба до денешниот ден.
Бирото за судски вештачења оваа работа треба да ја заврши без паричен надоместок.