Почнува одбележувањето на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

57

Православните христијани утре го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на Пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во Матка, каде и годинава одбележувањето ќе биде согласно со мерките за Ковид-19.

Одбележувањето започнува попладнево во 17 часот со Вечерна богослужба која ќе се одржува во дворот на манастирот на отворено. На полноќ ќе започне бдение, кое ќе заврши со Божествена литургија. Службата ќе почне во 8 часот утре (28 август) и исто така ќе се одвива на отворено. Со неа ќе чиноначалствуваат свештеници од Скопската епархија.

Традиционално утре во дворот на манастирот ќе се одржи крводарителска акција.

Сестринството од манастирот апелира да се почитуваат и да се спроведат мерките за колективна заштита за да се превенира ширење на вирусот на Ковид-19.

-Како што вели нашиот Архиепископ: Сега не е време за паника, туку за одговорност и кон себе си и кон ближните“, наведуваат од Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ кај Матка.